Тешка сообраќајка во Скопје, едно лице почина

Едно лице почина, а едно се бори за живот по страшната сообраќајна несреќа што вчера во 10.05 часот се случила во Скопе на ул. „Александар Урдаревски“.

Автомобил „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Б. (22) од Скопје, удрил во оградата на ТП „Винце Комерц“.

Притоа на местото на настанот починал сопатникот Т.М. (23) од Скопје.

Возачот К.Б. со екипа на Итна медицинска помош бил однесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.