Тешка сообраќајка во Струмица, машина за сечење дрва удри во „ауди“

Тешка сообраќајка во Струмица, машина за сечење дрва удри во „ауди“
Тешка сообраќајка во Струмица, машина за сечење дрва удри во „ауди“

Тешка сообраќајна несреќа денеска околу 13 часот се случила пред бензинската пумпа Металопромет во непосредна близина на хотелот Сириус, пишува Струмица Денес.

Како што велат очевидци за Струмица денес, машина за сечење дрва која се движела во правец на населеното место Куклиш, со приколката од засега непознати причини удрила во возило марка „ауди“ кое доаѓало од спротивната страна, точно во предниот дел на возачката страна на автомобилот.

soobrakajka1

Возило на Брзата помош веднаш е повикано на местото на несреќата и на повредените возачи од двете возила им е пружена помош, a полицијата  дополнително ќе ги утврдува причините и виновникот за несреќата.

soobrakajka2

soobrakajka3

ФОТО: Струмицаденес