Тешка сообраќајка во Струмица, почина возач

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи вчера вечерта во Струмица, на ул.„Климент Охридски“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Пежо 206“ со велешки регистерски ознаки управувано од Ѓ.Ј.(75) од Гевгелија и „Голф“ со струмички регистерски ознаки управувано од Д.А.(34) од с.Дабиле.

Во незгодата со повреди се здобил Ѓ.Ј кој бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица по што околу 23:45 часот истиот им подлегнал на повредите.

Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на случајот.