Тешка сообраќајна несреќа во близина на Струмица

Во несреќата, информираат од полицијата, учествувале „Форд Ескорд“, управуван од Т.Т., трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки управуван од Т.С.(69) од с.Сушица и „Форд Мондео“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(33) од Струмица.

По укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Струмица Т.Т. бил препратен во Ургентниот Центар во Скопје и се наоѓа во животна опасност, додека останатите двајца учесници се здобиле со полесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и екипа од ПС за БПС-Струмица. Во времето од 22.50 до 03.00 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин за товарни возила, додека патничките биле пренасочени преку алтернативни патишта.