„Тешките коски“ не можат да бидат изговор за вишокот килограми

Не сум дебел, туку само имам тешки коски.

Овој изговор веројатно досега сте го чуле повеќепати од луѓе кои имаат проблем со вишкот килограми, но директорот на Центарот за дебелина и метаболичка хирургија од Берлин, Јирген Ордеман смета дека таквите изговори се чиста глупост.

– Коските не можат да бидат изговор за деблината, изјави Ордеман.

Тој наведува дека коските кај жените учествуваат само со 10 отсто во вкупната телесна маса, а кај мажите со 15 проценти.

– Масата на коските може да варира до 10 отсто во зависност од животниот стил и исхраната, што е занемерливо во однос на вкупната тежина, вели германскиот доктор.

Како што јави ДПА, Ордеман појаснува дека густината на коските има уште помало влијание врз вкупната телесна тежина, бидејќи во неа учествуваат со само еден до 1,5 проценти.

– Прекумерната телесна тежина нема никаква врска со „тешките коски“, изјави Ордеман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.