сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Тешко поврдеден прилепчанец од багер

багер

Поврзани вести

Прилепчанецот Ф.М.(1974) синоќа во 21:00 часот пријавил во полициската станица во Охрид дека на 06.10.2016 година во 15:30 часот во близина на бензиска пумпа додека бил паркиран со возило Лада Нива од спротивната страна имало работна машина – багер со која се изведувале градежни работи. Кога Ф.М. се приближил до работната машина со цел да земе жица, бил удрен со корпата од багерот во пределот на левата бочна страна од раката и градите по што паднал на земја, за што му била укажана лекарска помош во болницата Св.Еразмо.

Како што соопшти полицијата, од ударот пријавителот се здобил со тешка телесна повреда изразена во скршеница на десната рака и скршеница на десната клучна коска, набиеници на градите и расекотина на левата рака. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.

Најчитани вести