Тешко повреден пешак во Скопје

архивска илустрација

Седудмесет и едногодишен маж од Скопје бил тешко повреден во неделата напладне во Скопје, кога во него удрило возило во скопската населба Ѓорче Петов, информираа во понеделникот од Министерството за внатрашни работи

Сообраќајната незгода се случила на улицата „Кузман Шапкарев“ во Скопје, вчера во 12 часот, кога возило „волксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Е.С. од Скопје, удрило во 71-годишниот пешак А.Ј., исто така, од Скопје.

Пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на десно рамо и лева нога и ресекотини и набиеници во пределот на главата), но не бил во животна опасност.