Тешко повредена позната српска актерка: Партнерот и’ пукал во глава, па се самоубил

Во пукотници во Белград утрово околу 4 часот, се самоуби 59 годишниот Срѓан Цветановиќ, а повредена е младата актерка Ивана Панзаловиќ (30).

Во  Ивана, која е позната по улогата во серијата „Курсаџии“, пукал угледен пластичен хирург од ВМА. Д

Докторот и актерката биле во врска и живееле заедно. Српските медиуми пишуваат дека докторот до пред извесно време бил во брак со колешка од „Военомедицинска академија“. Се развеле неодамна поради Ивана.

Двојката утринава околу 4 часот се скарале, по што докторот пукал во младата актерка, по што се самоубил, пукајќи си во глава.

Актерката со тешки повреди на главата е пренесена на ВМА.