Тешко повредена сопатничка на мотор

Сопатничка на мотор била тешко повредена вчера во судир на автомобил, комби и мотор, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу  13.30 часот на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште, кај место викано Лезовски Кантон. Тогаш се судриле автомобил „БМВ“, што го управувал  З.А.(51) од Скопје, комби  „Мерцедес Спринтер“ управувано од З.Т.(51) од Кочани и мотоцикл „Трува“, управуван од И.А. (27) од светиниколското село Горобинци.

Во сообраќајката полесно е повреден И.А., кој по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување,  додека сопатничката на мотоциклот, С.И. (27) од Пробиштип поради сериозноста на повредите била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Таму и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Пробиштип.