Тешко повредена жена во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Една жена е во животна опасност по тешката сообраќајна несреќа којашто се слупила во понеделникот во раните попладневни часови на патот Скопје – Тетово, соопшти министерството за внатрешни работи.

Сообраќајната несреќа во којатшо едно лице е тешко повредено се случила вчера на патот Скопје-Тетово околу 16,20 часот.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „шкода“ управуван од В.Н. (48) од Скопје и „голф 3“ кој го возел 22-годишниот скопјанец Б.Р. Со тешки повреди во несреќата се здобила сопатничката во „голфот“ С.Р.

Жената била пренесена во Гратската општа болница „8 Септември“ во Скопје и се наоѓа во животна опасност. На местото на настанот извршен е увид.