сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Тешко повредени мотоцилист и пешак во Куманово

Архивска илустрација

Архивска илустрација

Поврзани вести

Пешак и мотоциклист се тешко повредени и префрлени на скопските клиники, откако во саботата настрадале во судир меѓу мотоцикл и автомобил во Куманово

Во саботата околу 16,00 часот во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода меѓу моторцикл „фелинг“ без регистерски ознаки, управуван од 19-годишниот И.В. од Куманово, автомовил „мерцедес“ со кумановски регистерски таблици управувано од неговиот 28 сограѓанин со иницијали М.П. од Куманово и 33-годишниот пешак Љ.Д., исто така, од Куманово.

Во незгодата пешкот Љ.Д. и возачот на моторциклот И.В. се здобиле со тешки телесни повреди кои по укажаната лекарска помош во болница Куманово, двајцата како итни случаи се префрлени во Ургентниот центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Најчитани вести