Тешко повредени велосипедист и мотоциклист во Скопје

Велосипедист и мотоциклист се тешко повредени, а 14 лица се здобиле со полесни повреди во 10 од вкупно 16 регистрирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Шест сообраќајки се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 49 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло  на семафор, двајца не ги почитувале правилата за престигнување, 22 без возачка дозвола односно нерегистрирани, како и 49 за непрописно паркирани возила. Санкционирани се и осум велосипедисти и  шест пешаци кои сториле прекршоци по разни основи. Изречени се санкции и за четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем на глава.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 72 возила.

Одделението за превенција денеска ќе одржи сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи на велосипед.

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во  објектот „Тафталиџе“ на градинката „Мајски Цвет“ во општина Карпош. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.