„Тесла“ неможе да помине ниту 300 километри со полни батерии

Поранешниот министер за екологија на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, Јоханес Ремел, купил електрично возило „Тесла Моторс“, но за кусо време го вратил, оти според него возилото неможе да помине ниту 300 километри со едно полнење на батерии.

Кога го купил еколошкиот автомобил, на почетокот на годинава, германската јавност силно го критикувала, а граѓаните биле револтирани од неговиот потег. Тој платил 110.000 евра за „Тесла“ Модел С П90Д, од парите на германските даночни обврзници.

Својот чекор Ремел го правдал со фактот дека германските производители не нудат на продажба електричен автомобил со одговарачка автономија. Но, како што се покажало неколку месеци подоцна, не нуди ниту американскиот производител „Тесла Моторс“.

Германскиот министер Ремел одлучил електричното возило да го врати по само 43 службени патувања поминати со него. Скапата „Тесла“ неможе да помине повеќе од 150 километри во еден правец. Во спротивно Ремел, кој е член на Партијата на зелените, морал да застанува на 90 минути, за да ги наполнел батериите на автомобилот, што според него е лошо, оти значително многу го зголемува времетраењето на патувањето.

Не само што возилото неможе да ги помине декларираните од производителот 500 километри, туку дури и 400 километри е тешко да се изминат со полна батерија, изјавил помошникот на поранешниот германски министер.

Исто така, тој признал и како на „Тесла“ не и’ пресудиле само неодговарачките карактеристики.

Кога е во прашање удобноста, како и комфорот за вршење на работите, задната клупа потфрлува во однос на конкуренцијата во класата, дополниле од германското министерство.

Јоханес Ремел во својата службена „Тесла“, додека бил министер за екологија на германската покраина Северна Рајна Вестфалија