Тесна победа на Голден Стејт, Торонто се жали на судењето

ohn E. Sokolowski-USA TODAY Sports

Бранителите на титулата во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс имаа 27 кошови предност на полувремето во мечот со Торонто Репторс, за на крајот одвај да победат со 127:1225, а поразените се жалеа на лошото судење.

„Невозможно е судијата да ви одговори ‘не видов’ или ‘тоа не беше моја одлука’“, изјави по мечот тренерот на Рапторс, Двејн Кејси, жалејќи се на лошото судење.

Кај Голден Стејт Вориорс постигна 26 поени, Кевин Дјурант 25 а Стеф Кари 24 кошови. Кај Торонто одличен беше Демар Розан со 42 поени.

Лос Анџелес Лејкерс во продолженијата ги совладаа Далас Маверикс со 107:101. Крилото Џулиус Ренлд ги предводеше Лејкерс со 23 поени и 15 скокови, додека Денис Смит со 23 кошови беше најдобриот стрелец кај Далас.

И Вашингтон Визардс славеа во продолженијата, победувајќи ги Бруклин Нетс со 119:113, а повторно конците во своите раце ги држеа Бредли Бил и Џон Вол, првиот постигна 24 кошови а Вол додаде 23 поени и 16 асистенции.

Кејву Ленард и Давис Бертанс ги предводеа Сан Антонио Спарс во убедливата победа над Денвер Нагетс од 112:80. Ленард за Спарс постигна 19 кошови и 8 скокови, а Бертанс додаде 18 поени. Кај Денвер одлична партија пружи српскиот центар Никола Јокиќ кој оствари 23 поени, 9 скокови и 7 асистенции.

Во другите натпревари Лос Анџелес Клиперс со 126:105 беа сигурни против Сакраменто Кинг, Шарлот Хорнетс дома беа поразени од Оклахома Сити Тандер со 91:101, а Чикаго Булс извоијуваа тесна победа над Детроит Пистонс со 107:105.

ТАБЕЛА ПО дивизии

Источна конференција

Атлантска дивизија

1. Бостон 34 10
2. Торонто 29 12
3. Филаделфија 19 20
4. Њујорк 19 23
5. Бруклин 16 27

Централна дивизија

1. Кливленд 26 16
2. Детроит 22 19
3. Милвоки 22 19
4. Индијана 22 20
5. Чикаго 16 27

Југоисточна дивизија

1. Мајами 24 17
2. Вашингтон 25 18
3. Шарлот 16 25
4. Орландо 12 31
5. Атланта 11 31

 

Западна конференција

Северна дивизја

1. Минесота 28 16
2. Оклахома Сити 23 20
3. Денвер 22 20
4. Портланд 22 20
5. Јута 17 25

Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт 35 9
2. ЛА Клиперс 21 21
3. Феникс 16 27
4. ЛА Лејкерс 15 27
5. Сакраменто 13 29

Југоисточна дивизја

1. Хјустон 30 11
2. Сан Антонио 28 15
3. Њу Орлеанс 21 20
4. Далас 15 29
5. Мемфис 13 28