Тест што за 10 секунди ќе ви открие дали треба да ја бојадисате косата

Голем број елементи влијаат на крајниот резултат од бојадисувањето на косата, но еден момент е клучен – косата мора да биде здрава за по третманот со боја да изгледа добро. Ако планирате да ја бојадисувате косата сами, фризерите препорачуваат пред тоа да проверите во каква состојба е вашата коса со помош на овој едноставен тест.

  1. Со прстите одвоете еден прамен коса и исправете го;
  2. На праменот ставете неколку капки вода и внимавајте на тоа колку време ви е потребно за капките да се впијат;
  3. Ако косата ја апсорбира водата за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулите односно надворешниот слој на косата е премногу оштетен и нема да бидете во можност косата правилно да ја бојадисате. Ако на вашата коса и се потребни повеќе од 10 секунди за да ја впијат водата, тогаш таа е во „топ форма“.

Совет: На оштетувањето на чувствителната кутикула влијае, меѓу останатото, чешлањето на косата додека е мокра, претераното третирање со пегла, фигаро или бланширањето. Поради сето ова косата ја губи влажноста и почнува да пука.

За да го вратите стариот сјај, намалете ја изложеноста на жежок воздух. Немојте да се фенирате веднаш по миењето затоа што додека косата е полна со вода, таа е мошне кревка.

Исто така, добро е секоја недела да и подарите третман за обновување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.