Tестирање на кубанската вакцина против рак на белите дробови во Србија

Во три здравствени установи во Србија денес почнува тестирање на кубанската вакцина Climavax EFG  и одбирање пациенти со карцином на белите дробови кои ќе ги примат, јави Танјуг.

Кубанските вакцини пристигнале во Србија во петокот. Вакцините ќе бидат бесплатни.лекот ќе се применува на пациенти кои имаат четврти стадиум од болеста за кои се прогнозира уште шест месеци живот.

Во Србија годишно од карцином на белите дробови заболуваат 6.000 луѓе, а кај илјада се утврдува четврта фаза од болеста.

Во следните 15-на дена откако ќе мине периодот на тестирање, се очекува доаѓање на лекари од Куба кои ќе ги следат пациентите и примената на вакцината.