Тестот на Сзонди ги покажува потиснатите емоции

Овој познат невербален тест за проекција е дизајниран во 1935 година од страна на унгарскиот психијатар Леополд Сзонди, кој во тоа време бил познат речиси колку Фројд и Јунг.

Целта била да се истражат најдлабокитепотиснати импулси врз основа на аверзијата предизвикана од специфичните фотографии на психопатите, садистите, лицата со разни класифицирани пореметувања на мозокот…

Тестот е заснован врз општото сфаќање дека особините шо ни пречат кај другите се токму оние што предизвикале одбивност кон себе си во раната фаза во нашиот живот и тоа е причината зошто сме ги потиснале. Во тестот се користат повеќе термини што би требало да ги знаеме пред да поченеме со него.

Потиснување: Според психоаналитичките концепти, ова е најважниот психолошки одбранбен механизам што го имаме. Неговата најважна функција е да ги пренесува мислите и желбите што ни предизвикуваат нелагодност во нашето несвесно.

Порекнување: Тоа е ментален процес со кого апсолутно ги одбиваме нашите најдалбоки пориви (односно нештата што ги сакаме), усвојувајќи спротивен пример на посакуваното однесување.

Инструкции за тест:

Погледнете ги портретите на овие осум лица и изберете ја онаа личност шти никогаш не би сакале да ја сретнете ноќе во темница, затоа што неговиот или нејзиниот изглед предизвикува гадење и страв кај вас. Потоа прочитајте го толкувањето што одговара на бројот на портретот што сте го избрале.

ВАЖНО: немојте погрешно да ги сфатите резултатите од тестот, кои што ве наведуваат да помислите дека имате некој вид ментално пореметување, затоа што тестот е дизајниран за да се донесе претпоставка за можните потиснати импусли во согласност со теоријата на психоанализата.

Кого најмалку би сакале да го сретнете ноќе во темница?

Толкување на тестот

  1. Садист

Потиснување

Вие најверојатно сте потиснале некои искуства од најраните години во животот поврзани со авторитативноста во вашето однесување, потребата за доминација и склоноста кон лоши намери.

Ако сте го избрале портретот на оваа личност, вие можеби сте потиснале некои навредливи или штетни однесувања кон другите во вашето несвесно.

Порекнување

Вие најверојатно потполно безопасна и мирна личност и секогаш сте подготвени да им помогнете на другите. Ако работите во канцеларија на вашиот надреден сигурно му е тешко да се справи со вас. Кога не сакате да направите нешто, создавате бариери (пр.: доцните на работа или покажувате дека сте во лошо расположение). Кога се браните себе си, се одлучувате за пасивен отпор, кој долгорочно ги исцрпува оние што ви создаваат проблеми.

  1. Епилептичар

Потиснување

Кога зборуваме за пореметувањата на личноста поврзани со болеста на мозокот, оштетувањата и дисфункцијата како што се лсучува во некои случаи на епилепсија, некои од дијагностичките значења може да бидат импулсивност, раздразливост, изпади на бес и агресии.

Ако овој крупен господин со округла глава предизвикува гадење и страв кај вас, веројатно рано во вашиот живот се потиснале некои од тие емоции и однесувања во вашата потсвест: импулсивност, раздразливост, напади на бес и агресии.

Порекнување

Веројатно сте љубезна и мирна личност. Со тоа што сте кротки и пријателски настроени, пружате изглед на одговорна личност со самоконтрола. Стабилни сте во вашите емоции и лесно се поврзувате со луѓето, идеите и нештата.

  1. Кататоничар

Потиснување

Некои значења на ова ментално пореметување се претерана стимулација на имагинацијата, спознавањето во целина и негативизам.

Ако овој неизбричен но насмеан господин предизвикува негативни емоции кај вас, можеби сте потиснале некоја хиперактивност на умот, што би можело да придонесе да изгубие допир со стварноста, ако не се пренесе во вашето несвесно.

Порекнување

Вие имате тенденција да усвојувате стереотипни однесувања и не сакате иновации и промени. Можеби сте срамежлив тип и срамежлива личност која смета дека е посебно тешко да се прилагодите на новите ситуации. Ваш најголем страв е да ја загубите самоконтролата. Малку сте тврди со често одбранбено однесување и можеби сте закочена личност која никогаш не отстапува од својот „кодекс“ на однесување.

  1. Шизофреничар

Потиснувањеизофреничарската личност ја карактеризира  интензивна апатичност, искривени мисли и некомпатибилни емоции.

Потиснување

Ако се ежите од овој рамнодушен поглед, веројатно сте го потиснале чувството на рамнодушност кон другите и повлекувањето од нештата и настаните во раната фаза на вашето детство.

Порекнување

Вие сте веројатно доста пријателски настроена личност. Вие верувате во дружењето и комуникацијата со другите, уживате во друштво и често излегувате. Сепак друштвеноста често знае да лаже и можеби крие изолирана личност која живее со чувството дека секогаш е сама. Вашите односи може да ви се чинат безлични и површни, како да им недостасува вистинска емоција. Длабоко во себе вие можеби чувствувате дека другите не ви се потребни.

  1. Хистеричар

Потиснување

Некои особини на хистеричните луѓе се површни и нестабилни емоции, нарцисоидност и егзибиционизам. Ако сте ја избрале оваа необична дама со тешки капаци како личност која ве плаши најмногу од сите, можеби тоа е затоа што сте ја потиснале желбата да привлечете внимание и желбата за одобрување.

Порекнување

Ви давате впечаток на скромен човек на интензивен внатрешен живот. Сепак, во реалноста, навидум тивката и срамежлива личност може да поседува голема и прекумерна желба за шармирање на другите.

Вие се грижите за вашиот изглед и однесување. На пример, секогаш се обидувате да биде стилски и добро облечени, надополнувајќи ја облеката со додатоци што ќе го привлечат вниманието на другите. Овие луѓе веројатно ќе изберат ретки или екстравагантни интереси / или хоби.

6) Депресивец

Поиснување

Недостаток на самодоверба, чувство на инфериорност и вина се главните симптоми на депресија.

Фактот дека оваа личност е симбол на одбивност за вас може да значи дека сте длабоко депресивно лице кое ги држи овие симптоми под контрола.

Одрекување

Можеби сте отворена и безгрижна личност. Секогаш покажувате динамика, доверба и оптимизам.

Понекогаш, се разбира, кога сте возбудени може да се манифестирате дистимија (растројство на расположението) и меланхолија („синдром на тажен кловн“). Вие може да се сомнителни и мрзоволни.  Многу е веројатно дека сте ги замениле сопствените депресивни тенденции со  преземањето на улогата на психолог на сите, да барате решенија за проблемите на другите луѓе.

7) Манијак

Потиснување

Некои дијагностички карактеристики на манијата се отвореност, прекумерна стимулација, преценување на себе и губење на пари и емоции. Ако овој тип на лице ви изгледа одвратно, тоа најверојатно значи дека ќе има еден вид на возбуда која, ако не се контролира, ќе се претвори во фанатички мистицизам.

Одрекување

Вие сте веројатно личност која не сака да провосира со своето однесување и која презира бучава, во екстремности и претерувања. Вие сте модел на дискреција, воздржаност и мерки. Логични сте и штедливи и секогаш со целосно контролирано однесување.

  1. Дисоцијаивно пореметување на идентитетот

Потиснување

Овој тип на личност се изразува со желбата кон луѓето да живее и да бидат прифатена како член на спротивниот пол. Ако овој млад човек ви изгледа опасно и расипано,  можби во вашето рано детство,  сте го потиснале прашањето за вашиот сексуален идентитет.

Одрекување

Ако одбранбениот механизам на негирање си ја заврши работата, може да имате тенденција  недвосмислено да го потврдите вашиот биолошки пол. Во овој случај, вашето однесување, манири и појава нагласуваат дека сте „вистински“ маж или жена.

Ако сте маж, вие сте многу “мачо” и ако сте жена, секогаш се обидувате да изгледате секси и флертувате за да ги привлечете мажите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.