Тетоважи – тренд или непромисленост?

Тетоважи – тренд или непромисленост

Додека кај старите Грци и Римјани сликите на телото означувале казна, кај Индијанците и афричките племиња имале магиско-ритуална улога. Тетоважите некогаш ги носеа само затвореници, девојки со сомнителен морал, морнари или хипици. Означуваа припадност на одредена група, важеа за симбол на отпор или бунт, беа слика на моќ.

Денес тетоважите станаа тренд кој, велат психолозите, пристигна од западот. Според истражувањето во кое учествуваа 450 студенти во Америка, четвртина од нив имале тетоважи, а ова полека доаѓа и на нашите простори.

Тетоважи – тренд или непромисленост
Тетоважи – тренд или непромисленост

Некогаш тетовирањето беше скапо, а благодареќи на ниските цени, сега е повеќе достапно. Затоа девојчињата веќе во средно, најчесто без знаење на родителите, одат во непроверени салони и се тетовираат. Ова значи дека го ризикуваат своето здравје, бидејќи има салони кои не работат со стерилни игли, па може да предизвикаат инфекции – предупредуваат докторите.

Во Германија хепатитис Ц најчесто се пренесува со процесот на тетовирање. Националното здружение на дерматолози во Франција соопшти дека тетоважите не се безопасни, од причини што боите со кои се работи содржат токсични метали кои некогаш стануваат канцерогени кога дојдат до допир со кожата. Под влијание на сончевите зраци, може да се претворат во отровни материјали кои предизвикуваат рак.