Тетоважи за секој хороскопски знак

Тетоважите се визуелен печат на човекот. Дознајте каде би требало да имате тетоважа и со каква симболика, според вашиот хороскопски знак.

Понекогаш е мошне тешко да одлучите што да „нацртате“ на вашето тело, затоа што тој цртеж ќе ви остане за цел живот. Доколку сакате да изберете тетоважа според вашиот хороскопски знак, еве неколку предлози.

Овен

Овните воглавно ги тетовираат симболите за нивниот знак, како и симболот на планетата Марс што владее со овој знак. Тие сакаат тетоважи што покажуваат дека се најдобри, први, амбициозни, но и дека може да прават што сакаат.

Бик

Биковите воглавно може да го истетовираат сопствениот знак во разни облици, како симбол или цртеж. Симболот на Бикот е цвет, Венера, убавина, жени. Така што препораката за Биковите се наведените симболи. Мажите Бикови воглавно ќе го истетовираат својот знак, некоја тетоважа на вратот или на горниот дел од грбот, ама нема да претеруваат.

Близнаци

Близнаците воглавно ги тетовираат рацете. Но, поголемиот дел од луѓето ги тетовираат рацете. Сонцето во Близнаци ги симболизира рацете, прстите, дланките. Тие може да тетовираат некои мудри мисли, извадоци, имиња на драги личности.

Рак

Ракот може да го истетовира сопствениот знак, симболот на Месечината, бисер или школка. Мажите ракови може да истетовираат сидро или девојка. Но, тие и не се некои големи љубители на тетоважи.

Лав

Лавовите ќе ги истетовираат иницијалите на саканите лица, некоја круна, нешто што им е вредно. Тие може дури да истетовираат и накит, како на пример бурма, за да немора да носат прстен. Секако мора да биде нешто впечатливо. Сонцето, како симбол на Лавот исто така е добар предлог за тетоважа.

Девица

Девицата не сака премногу големи тетоважи, туку само нешто што е дискретно. Ќе го тетовира стомакот, долниот дел од стомакот. Знакот на Девица, симбол или цртеж на девојка, на Меркур како владетел на знакот и сл. Жените може да истетовираат цвет, но тој најверојатно ќе биде како буква или трибал.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…