Тетоважи за секој хороскопски знак

Вага

Вагата може да истетовира нешто во пар, некоја тетоважа што е убава, некој дел од уметничка слика или инспирација од стрип или нешто слично. Може да го истетовира знакот Вага или Венера што владее со овој знак. Не сака премногу големи тетоважи. Само е важно сликата да биде складна и да може секому да му ја покаже.

Скорпија

Скорпијата ќе се истетовира колку е можно поблиску до интимните зони, за само одредени личности да може да ја видат тетоважата. Речиси секогаш го тетовира знакот на Скорпијата, животното, симболот, а планетата што владее со Скорпијата е Марс, односно по модерната астрологија Плутон, така што и тоа може да го вклучат.

Стрелец

Стрелецот ќе истетовира нешто на странски јазик, нешто врзано за некоја странска земја или мапа. Добар предлог е кентаур, Јупитер, како планетата, така и симболот. Тетоважата би требало да биде на бутот.

Јарец

Јарецот може да го истетовира симбиолот за неговиот знак или симболот на Сатурн, а евентуално и планетата Сатурн во вистинскиот облик. Тетоважата може да биде на рамото, на колкот или на зглобот. Натписите на некој древен јазик, старогрчки или латински се вообичаени.

Водолија

Мора да биде нешто необично, да има некаква смисла, затоа што Водолиите не се површни и не сакаат да остават знак на нивното тело туку-така. Тие долго размислуваат за тетоважата пред да ја направат, а најдобар дел од телото за тетовирање е прстот на ногата. Како предлог може да биде знакот за Водолија, симболот на Уран или Сатурн или некоја нивна комбинација од симболи.

Риби

Рибите може да го истетовираат знакот на Риби или симболот, но и Нептун. Дамите родени во овој знак секако секогаш може да направат тетоважа на сирена, риба или на некој симбол што е поврзан со море. Мажите може да ги искористат истите симболи или нешто од некој сон. Делот на телото каде нешто може да се истетовира се стопалата. Делот од вратот што не се гледа од косата и пределот зад увото исто така може да биде привлечен за нив.