Тетовчани го донесоа ѓубрето пред врата на Општината

Тетовци револтирани на локалната самоуправа, изутрината истурија ѓубре пред општина Тетово за и укажат на градоначалничката Теута Арифи со какви проблеми се соочуваат.

Граѓаните на Тетово се жалат дека и денеска смрдеата која доаѓа од депонијата поради густиот чад е неподнослива. Како што информира Фокус, не помагаат ниту затворените прозорци и врати, поради што дел од нив се решаваат привремено да ги напуштат домовите.

20953246_1793939060634648_1592757519848028096_n

За денеска е најавен и протесто кој ќе почне во 13 часот на градскиот плоштад, а потоа граѓаните ќе се придвижат кон Општината каде ќе упатат пораки до Теута Арифи.

Граѓани од Тетово велат дека пожарот тлеел до вечерните часови, иако попладнето од Општината изјавија дека е ставен под контрола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.