Македонија,Крими хроника

Тетовчанец ја нападнал невенчаната сопруга

Тетовчанец ја нападнал невенчаната сопруга

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(48) од Тетово, бидејќи сторил кривични дела присилба извршено при семејно насилство и „напад врза службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Имено на 17.07.2014 година, во Тетово пријавениот отишол во семејната куќа на мајката на неговата невенчана сопруга и со пиштол и се заканил дека ќе ја убие доколку не отиде со него на нотар да потпише изјава дека е согласана нивниот малолетен син да отпатува со пријавениот во странство.

Откако небечаната сопруга одбила да потпише на нотар, пријавениот физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници, по што случајот го пријавила во СВР Тетово.

По преземени мерки од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што А.Н. се обидел физички да нападне полициски службеник, а истиот бил спречен во намерата и приведен во СВР Тетово.