Тетовчанец ранет со оружје пронајден кај Групчин

На автопатот Тетово-Скопје на околу 2 километри од клучката за Групчин, Љ.А.(46) од тетовско Ново Село денеска околу 10 часот бил пронајден со повреди од огнено оружје.

На лицето Љ.А. му била нанесена прострелна рана во десната натколеница.

Повредениот веднаш бил префрлен во клиничката болница во Тетово каде откако му била констатирана повредата и му била укажана лекарска помош бил упатен на скопските клиники.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото каде по добиената пријава од граѓанин бил пронајден повредениот и тука биле пронајдени траги од крв и нож на расклопување што биле земени за вештачење.

Според првичните информации надлежните веќе имаат сознанија за можниот сторител, но се работи на точно утврдување на неговиот идентитет како и причините и се друго поврзано што е поврзано со овој инцидент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.