Македонија,Крими хроника

Тетовци на патарина не издавале фискални, парите ги земале за себе

Тетовци  на патарина не издавале фискални, парите ги земале за себе

Тетовци ја злоупотребиле службената должност, па парите од патарините си ги ставиле во џеб.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 52-годишниот Ј.А. и 45-годишниот И.Џ. двајцата од Тетово, инкасанти за наплата на патарина во ЈП за државни патишта за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Првиот пријавен на 24 септември и на 19 и 20 октомври 2013 година, во повеќе наврати при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња, а исто така еден ист фискален билет кој не бил подигнат го давал на друго возило, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе.

Вториот пријавен на 19 и 23 октомври 2013 година, во повеќе наврати при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе.