Тетовци правеле скици на воен објект и борбени средства

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М. (24) и В.А.(24) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

На 09.12.2014 година, пријавените од возило со мобилен телефон извршиле фотографирање на објектот од касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово и покрај тоа што на објектот на видно место е истакнат знак за забрана за фотографирање. Пријавените, биле забележани и пријавени во СВР Тетово од страна на стражарите кои го обезбедувале објектот. На 15.12.2014 година, во СВР Тетово извршени се разговори со двајцата пријавени и со потврда за привремено одземени предмети од И.М. е одземено УСБ на кое се наоѓале направените фотографии.