Тетовци претепале полицаец

СВР Тетово поднесе кирвична пријава против А.М(43), И.М.(37) и Ш.М.(59), тројцата од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавените за време на спроведување на акциска контрола за техничка исправност на моторни возила во Станица за технички преглед во Тетово, најпрво започнале вербална расправија, а потоа и физички нападнале полицаец и му задале повеќе удари со тупаници по главата и телото.