Тетовци сакале да прокриумчарат добиток од Македонија во Косово

Триесет и петгодишниот Х.С. и педесет и едногодишниот Џ.И., двајцата од Тетово сакале да прокриумчарат две грла добиток од Македонија во Косово.

На 12. април годинава, околу 08,30 часот, на илегален премин во близина на ГП „Јажинце“ во близина на месноста викана „Цигански Гробишта“ затекнат е Х.С. при обид да прокриумчари две грла добиток од Р Македонија за Косово. По преземени мерки е утврдено дека Џ.И. заедно со косовски државјанин во Скопје го купиле добитокот, по што со камион го пренеле во неговата куќа, каде се договориле Х.С. за износ од 15 евра да го прокриумчари во Косово.

Против двајцата е поднесена кривична пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.