Тетовец доби кривична поради кражба

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четириесет и седумгодишниот М.Џ. од село Орашје поради кражба.

На местото викано „Ловка“ во атарот на селото Старо Село, пријавениот од приватен имот, сопственост на лице бесправно исекол 30 дабови стебла, односно два метри кубни дрва.