среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 15

Тетовец е нов милионер на ДВЛМ – освои 1.326.373 денари

Најпосакуваната добивка во Македонија е освоена кај деловниот соработник на ДВЛМ, Бет- Про Вил Хил Тетово 4, на 18 септември во 10:32.

drzavna-videoloto1-640x424

Последни вести

Тетово и минатиов викенд, остана наше среќно место. Најновиот милионер на Државна Видео лотарија е од Тетово. Тој во друштво на своите другари го освои последниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видео лотарија, вреден 1.326.373 денари.

Најпосакуваната добивка во Македонија е освоена кај деловниот соработник на ДВЛМ, Бет- Про Вил Хил Тетово 4, на 18 септември во 10:32.

Видео лотариските терминали на ДВЛМ во Бет- Про Вил Хил Тетово 4, биле место каде се забавувала група другари. Меѓу нив и нашиот нов среќен добитник. Само тој, од целото друштво, го имал својот среќен ден. Во еден момент, ги добил сите сигнали кои му откриваат дека токму кај него е посакуваната добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, вредна 1.326.373 денари. Б.Ш во моментот кога ДВЛМ му го исплати чекот со убавата добивка, ни откри дека бил навистина пријатно изненаден. Ова е негова прва добивка воопшто, а ќе биде предизвик да продолжи и понатаму да се забавува на видеолотариските терминали. Нема план како ќе ги троши пари. За почеток, добивката ќе ја прослави во кругот на своите другари со кои и го сподели среќниот миг кога  го освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТОТ, информираат од Државната видео лотарија на Македонија.

drzavna-videoloto

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега покрај 13 Милионер Џек Пот добивки, освоени се и 1700 Мини Џек Пот добивка, тимот на ДВЛМ го очекува и најновиот среќен добитник веќе 4ти во месец септември, а вкупно 13ти од стартувањето на ЏЕК ПОТ  добивките.

drzavna-videoloto2

Во текот на вчерашниот ден, тимот на ДВЛМ, како општествено одговорна компанија, ја поддржа и акцијата „Спортистите даруваат“. Вработените заедно со шампионот Игор Стефановски Иџе, даруваа крв.

Најчитани вести