Тетовец фалсификувал исправа

Кривична пријава е поднесена против дваесет и осумгодишниот Б.М. од Тетово поради фалсификување на исправа.

Полицијата при рутинска проверка запрела патничко возило „бмв“, сопственост и управувано од пријавениот и при контрола е утврдено дека бројот на шасијата е фалсификуван, по што возилото му е одземено.