Крими хроника

Тетовец истепал полицаец

Тетовец истепал полицаец

Во Тетово, на крстосницата од улицата Илинденска и со улицата В.Вардарска, доцна синоќа, околу 40 минути по полноќ, 22 годишно момче од село Палатица, физички нападнал полицаец.
Имено, двајца полициски службеници  при вршење на контрола во сообраќајот, и по констатиран сообраќаен прекршок, запреле автомобил марка „ауди“ со тетовски регистерски таблици управувано од лице Ф.С. Осомничениот веднаш почнал да ги омаловажува полициските службеници со погрдни и вулгарни зборови, по што едниот од нив и физички го нападнал. Ф.С е приведен, извршен е разговор и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.