Тетовец избоден по распаравија во кафеана

Вчера околу 17,50 часот во с.Пршовце, тетовско, во ресторанот „Калабрија“, А.Ш.(24) од с.Глоѓи, тетовско, по предходна расправија, со нож му нанел неколку убодни рани на М.С.(26) од Тетово.

М.С. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде му се утврдени четири убодни рани, истиот е надвор од животна опасност и е задржан на понатамошно лекување. По преземени мерки, А.Ш. е пронајден и задржан во СВР Тетово за расчистување на случајот. По целосно документирање на случајот ќе биде поденсен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.