Тетовец излажирал сообраќајна несреќа за да земе оштета

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М. (52) од Тетово, Н.С. (44) од с.Орашје, Х.О.(27) од с.Озмориште, Б.И. (42) од Скопје, за сторено кривично дело „осигурителна измама“.  Во текот на 2010 година, првопријавениот со намера да прибави противправна имотна корист од осигурителна компанија пријавил наводна сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ управувано од Н.С. и патничко возило „БМВ“ со чешки регистерски ознаки управувано од Х.О.

По ова првопријавениот доставил барање до приватната агенција „Веритас ДЦ“ од Скопје каде што од страна на Б.И. е изготвено вештачење во кое е прикажано оштетно осигурување во износ од 644.858 денари врз основа на кое Б.М. доставил барање за надомест на штета, а откако од страна на осигурителната компанија се посомневале на вештачењето побарале повторно вештачење од страна на Бирото за судски вештачења, од кое е утврдено дека настанатите оштетувања на двете патнички возила не настанале во сообраќајна незгода.