Тетовец излегол да купи цигари, останал без џипот

Шеесет и седумгодишен тетовец останал без својот скап џип за само неколку минути откако го напуштил за да купи цигари.

Полицијата информира дека вчера околу 20,45 часот Н.В. го паркирал својот „хјундаи их35“ со вклучен мотор на раскрсницата од улиците Љубо Божиноски Пиш и Благоја Тоска и влегол во маркет да купи цигари. Кога неколку минути подоцна се вратил, автомобилот го немало.

Кражбата веднаш ја пријавил во полицијата. Покрај автомобилот, тетовецот останал и без мобилниот телефон, ак чантата и сообраќајната дозвола.