Македонија,Крими хроника

Тетовец нападнал жена на улица

Тетовец нападнал жена на улица

Жена била нападната вчера од страна на педесет и двегодишниот Т.Ф. во ОУ „Теуш“ на илица ЈНА во Тетово.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, каде пред објектот бил забележан Џ.С.(40) од Тетово кој започнал недолично да се однесува кон службениците, упатувајќи им навредливи зборови и одбивајќи да се идентификува при што во еден момент физички нападнал еден од полицајците. Лицата се приведени, над двајцата е извршено алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.