Тетовец нападнат од маскирани лица со пушки и палка

разбојници паднаа во полициска заседа
разбојници паднаа во полициска заседа

Четириесет и петгодишен тетовец нападнат од неколку маскирани лица со пушки и палки.

Според кажување на оштетениот едно од лицата испукал неколку куршуми кон него но не го погодиле, по што сторителите го напуштиле местото на настанот. На оштетениот му е укажана лекарска помош во болницата во Тетово.

Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две празни  чаури од автоматска пушка, еден неиспукан куршум и проектил.  Од пукањето, оштетени се и две паркирани возила.