Македонија,Крими хроника

Тетовец нелегално вработил странски државјанки

Тетовец нелегално вработил странски државјанки

На 27.12.2014 година во периодот од 00,30 до 01,15 часот на излезот од Тетово, во УО „Енерџи клуб“ сопственост на М.А.(32) од Тетово од страна на полициски службеници откриени се пет српски државјанки, две бугарски државјанки, една црногорска и една хрватска државјанка на возраст од 19-27 години кои нелегално работеле во наведениот објект. Против сите лица се поднесени соодветни поднесоци.