Тетовец освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ

Близнаци од Тетово, од викендов се  милионери. Едниот од нив, посреќен во забавата на видео лотариските терминали, го освои популарниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видеолотарија.

Добивката вредна 1.444.570 денари е освоена кај деловниот соработник на ДВЛМ, Бет- Про Вил Хил од Тетово, на 11 септември.

На видео лотариските терминали се забавувале и двајцата браќа. Но, само едниот од близнаците, Јетмир Ц, имал среќа. Сепак добивката од 1.444.570 денари, ќе ја поделат заеднички. Според планот, прво ќе си купат нови автомобили. Јетмир, кој е вработен во регионален медиум, откри дека редовно се забавуваат на овој начин, но ова е негова прва  значајна добивка. Сега очекуваат среќата да го изненади и другиот брат близнак.

1bliznaci

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари. Досега покрај 12 Милионер Џек Пот добивки, освоени се и 1500 Мини Џек Пот добивки. Вкупниот износ на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивките од јуни до денес, изнесува 16.079.793,00 денари, а овој износ ќе порасне со добивката на следниот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ.

2bliznaci

Почнувајќи од 15.09.16, заради големиот интерес на играчите, направивме одредени измени со цел да им излеземе во пресрет на нивните барања за МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Па така, горната граница за постигнување на добивката е зголемена, па сега наместо 1.500.000, изнесува 1.800.000 денари. Промена е направена и на потребниот влог за постигнување на оваа категорија добивки. Влогот е намален од 30 на 20 денари по спин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.