Тетовец „покус“ за 150 илјади денари

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14 до 23 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во станот на 37-годишниот Ш.М, лоциран на улица „180“ во Блок 70 во Тетово.

Разбојниците прво ја скршиле бравата од станот и влегле во станот, пон што ги пребарале сите простории и одзеле разновиден златен накит, лаптоп и бижутерија чија вкупна вредност, според сопственикот,  се проценува на 150 илјади денари.

Со одземеното од станот, крадците незабележани од никого, се оддалечиле во непозната насока.

Полицијата изврши увид на местото настанот и работи на откривање на сторителите.