Тетовец претепал сограѓанин

тепачка

Триесет и сеумгодишниот Б.Е. од Тетово го претепал  триесет и четиригодишниот И.Џ. од селото Доброиште при што му нанел тешки телесни повреди.

Тој удирајќи го со тврд предмет му нанел тешки телесни повреди. И.Џ. е пренесен во Клинички центар-Тетово, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Клиничката болница во Скопје.

Б.Е. е приведен од страна на полицијата и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.