Тетовец претепан со боксирач

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(17) од село Палатица за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ додека против Е.Ј(18) од истото село за кривично дело „соизвршителство“.

На 02.10.2014 година на ул. „Маршал Тито“ во Тетово по претходна вербална расправија околу кражба на гулаби пријавените со боксирач му нанеле тешка телесна повреда на 19 годишно лице од село Желино.