Тетовец прободен со нож во тепачка

Тетовец прободен со нож по тепачка со сограѓанин синоќа околу еден часот по полноќ.

Во тепачката учествувале Ј.А.(26) од Тетово и Д.Ф.(34) од Желино. Д.Ф. се здобил со повреди најверојатно нанесени од нож. Оштетениот бил пренесен во Клиничка болница Тетово, а по укажаната лекарска помош е префрлен во Ургентен Центар Скопје. Ј.А. со такси возило со уште неколку лица се упатил кон Тетово, но истите се пронајдени и приведени.

По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесен соодветна пријава.