Тетовец пронајден мртов во својот дом

Педесет годишниот тетовец А.С. вчера попладне бил пронајден починат во една од собите на куќата во која живеел сам, лоцирана на улица „161“.

Од СВР Тетово информираат дека лицето било пронајдено од негови роднини и по пријавување на случајот, јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид, при што на телото не се констатирани траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, безживотното тело на А.С. предадено му е на семејството.

Инаку, А.С. подолго време боледувал и се лекувал од психички, односно душевни растројства.