Тетовец пронајден мртов во својот стан

Тетовец бил пронајден мртов во својот стан, информираше МВР.

Според полицијатаа, вчера околу 10.20 часот во СВР Тетово, С.О. (45) од Тетово пријавил дека во стан на улицата 121, каде живеел Б.П. (75), во последните неколку дена се чувствувала непријатна миризба.
Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле починато машко лице.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, Јавен обвинител и лекар по судска медицина, при што била пронајдена патна исправа и здравствена книшка од сопственикот на станот Б.П.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.