Македонија,Крими хроника

Тетовец со нож го прободел брата си

Тетовец со нож го прободел брата си

Триесет и двегодишниот Б.У. вчера го прободел со нож својот брат, триесет и петгодишниот Б.У. во семејната куќа во тетовско Желино.

Инцидентот настанал при расправија, а Б.У. откако го прободел брата си во пределот на левиот лакт побегнал од дома. На повредениот му била укажана лекарска помош во Клинички центар, по што е пуштен на домашно лекување.

По преземени мерки приведен и задржан е сторителот Б.У.(32) кај кого бил пронајден нож.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.