Тетовец тешко повреден од плинска боца

Седумдесет и седум годишниот тетовец К.А. се здобил со изгореници на рацете, лицето и грбот откако му експлодирала плинска боца додека се обидувал да ја приклучи на решо во помошна просторија од неговата куќа на ул. „Браќа Миладиновци“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Според неговите податоци добиени од соседите на повредениот, инцидентот се случил нешто пред 10 часот по што К.А веднаш бил префрлен во Тетовската клиничка болница од каде како итен случај веднаш бил препратен на клиниките во Скопје.

По овластување на јавниот обвинител полицијата извршила увид и работи на откривање на причините како се случил овој несреќен случај, рече Јосифоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.