Тетовец возел автомобил со фалс таблички

Триесет и деветгодишниот С.Д. од тетовско Долна Лешница доби кривична пријава бидејќи управувал возило со германски таблички кои припаѓале на друго возило.

На ГП „Табановце“ е извршен преглед над возило од марка „голф 3“ од кој е утврдено дека пријавениот ставил германски таблици кои припаѓаат на друго патничко возило кое е во негова сопственост.