Тетовец вработен во банка присвоил пари на клиент

Кривична пријава заработи 34-годишниот П.С., службеник во филијала на банка во Тетово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, на 25.06.2014 година, околу 16,00 часот во банката дошло лице со намера да подигне 216 евра од својата штедна книшка и потпишал исплатница, по што пријавениот му кажал дека неможе да му ги исплати парите бидејќи немал парични средства во касата.

Откако подоцна истиот ден оштетениот повторно дошол да ги подигне парите, од страна на друг вработен бил известен дека паричните средства се подигнати, а од преземени мерки е утврдено дека пријавениот си ги присвоил парите за себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.