Тетовецот кој остави писмо се обесил со врвките од чевлите

Триесет и двегодишен тетовец се обесил врзувајќи се со врвките од чевлите околу вратот, па на металната ограда на кејот на реката Пена, во близина на Шарена џамија во Тетово, објави Вест.

Телото го забележал минувач кој веднаш ја известил полицијата. На местото бил извршен увид во кој покрај екипа од СВР Тетово учествувале и Јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика. Во јакната на починатиот било пронајдено проштално писмо чија содржина дополнително ќе се утврдува.

Според СВР Тетово, на телото на починатиот не се утврдени знаци на насилство и е констатирано дека се работи за самоубиство. По наредба на Јавниот обвинител телото е предадено на семејството за погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.