Тетовец со нож прободел училишен служител

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, во основното училиште „Џон Бузуку“, во тетовското село Падалиште, 31-годишниот родител, најпрво вербално, а потоа и со нож го нападнал училишниот служител.

Тој со ножот му нанел расекотина и убодна рана во левата надлактица, по што е пренесен на Ургентен во Скопје и се наоѓа надвор од животна опасност.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.